Мрежата на организационите единици за управување со човечки ресурси на институциите од јавниот сектор се формира врз основа на член 12 став (3) и (4) од Законот за административни службеници („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18).


Мрежата на организационите единици за управување со човечки ресурси на институциите од јавниот сектор (Мрежата) претставува платформа за комуникација, координација и соработка помеѓу организационите единици за управување со човечки ресурси, претставувани од раководителот на единицата, односно административен службеник определен да извршува работи од областа на управувањето со човечки ресурси во институциите на јавниот сектор.


Мрежата се организира заради обезбедување на ефикасна примена на законите и другите прописи во постапките за селекција, вработување, унапредување, мобилност, координирацијата на стручното усовршување и управувањето со ефектот од работата, плати и надоместоци, мотивацијата, одговорностите и престанокот на вработување на вработените во институциите. Покрај ова, цели на Мрежата се и:

Покана за обука на членовите на Мрежата за човечки ресурси

Почитувани,

Во прилог е поканата за обука на членовите на Мрежата за човечки ресурси.

ПОКАНА

25.05.2021

Известување за поднесување на Годишните оценки од оценувањето на административните службеници за 2020 година

Почитувани,

 

Ве известуваме дека согласно член 65 став 17 од Законот за Административни службеници сите институции треба да достават годишен извештај со ранг листа на годишни оцени до Министерството за информатичко општество и администрација најдоцна до 31.01.2021 година.

 

За сите детални информации, може да се обратите до лицата за контакт:

 

Емилија Георгиева Ѓошевски — 078/823-984; emilija.gioshevski@mioa.gov.mk

Ивана Tpeндафилова- 071/207-431; ivana.trendafilova@mioa.gov.mk 

 

 

01.12.2020

Покана за обуки на членовите на Мрежата за управување со човечки ресурси

 

Почитувани,

 

               Согласно Стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 и Акциски План, а врз основа на член 12 од Законот на административни службеници ("Службен весник на Република Македонија" бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18 и “Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 275/19), Министерството за информатичко општество и администрација продолжува со активностите за градење функционална Мрежа на организациони единици за управување со човечки ресурси (Мрежата) со која претседава државниот секретар на Министерството за информатичко општество и администрација.

 

            Целта на Мрежата е да служи како алатка на институциите од јавниот сектор за комуникација, размена на мислења, имплементација на унифицирани стандарди во управувањето со човечки ресурси и единствена примена на законодавството за јавниот сектор, како и споделување на добри локални и меѓународни практики. Мрежата ќе обезбедува поддршка за ефикасна примена на законите и другите прописи во постапките за селекција, вработување, унапредување, мобилност, координацијата на стручното усовршување и управувањето со ефектот од работата, плати и надоместоци, мотивацијата, одговорностите и престанокот на вработување на вработените во институциите од јавниот сектор.

            Со цел учество на номинираното лице на две обуки од областа на управување со човечки ресурси, следствено на горенаведеното, потребно е најдоцна до 30.10.2020 година (петок) да доставите потврдна писмена информација од Вашата институција која е регистрирана на Мрежата за управување со човечки ресурси со следниве податоци:

  • Име и презиме
  • Ниво и назив на работно место
  • Институција
  • Контакт телефон и e-mail.

 

 

Горенаведените информации се потребни за обуките кои ќе следуваат во месец ноември на темите:

  • Обука за спроведување на Функционална анализа во јавниот сектор
  • Обука за практична употреба на електронскиот систем за управување со човечки ресурси- ИСУЧР.

 

За сите подетални информации поврзани со ова известување, може да се обратите до:

 

 

               Емилија Георгиева Ѓошевски – 078/823-984; emilija.gjoshevski@mioa.gov.mk

 

 

Со почит,

 

Министерство за информатичко општество и администрација

 

21.10.2020

Прашалник за Проценка на потребите од специјализирани обуки за Управување на човечки ресурси на административните службеници

Капацитетот на администрацијата е клучен елемент за спроведување на јавните политики. Оттука, Владата на Република Северна Македонија ги препознава континуираното учење и стручното усовршување како инвестиција во човечкиот капитал.

Усовршувањето на човечките ресурси не претставува само законска надлежност на Министерството за информатичко општество и администрација, туку сочинува и важен дел од севкупните реформи на јавната администрација, како еден од предусловите за евроинтеграцискиот процес.

За таа цел, го креиравме овој прашалник за да утврдиме каква потреба од обуки имаат административните службеници од мрежата , кои се насочени кон стекнување на знаења и/или вештини за развој на секоја општа компетенција, т.е. специфична компетенција која е од особена важност за управувањето со човечките ресурси.

Резултатите од прашалникот ќе се користат во понатамошните фази на спроведување на активностите  на мрежата за управување со човечки ресурси како и  за идентификација на области на кои треба да се работи со цел нивно подобрување.

 

КРАЕН РОК ЗА ПОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАШАЛНИКОТ: 24.09.2020

 

ДО ПРАШАЛНИКОТ МОЖЕ ДА ПРИСТАПИТЕ НА СЛЕДНИОВ ЛИНК.

 

 

 

17.09.2020

2017

<

Февруари

>

Пон
Вто
Сре
Чет
Пет
Саб
Нед

GoDigital-Public Administration Reform assistance and strenghtening the capacities of MISA

This web platform was prepared with the assistance from the European Union