Мрежата на организационите единици за управување со човечки ресурси на институциите од јавниот сектор се формира врз основа на член 12 став (3) и (4) од Законот за административни службеници („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18).


Мрежата на организационите единици за управување со човечки ресурси на институциите од јавниот сектор (Мрежата) претставува платформа за комуникација, координација и соработка помеѓу организационите единици за управување со човечки ресурси, претставувани од раководителот на единицата, односно административен службеник определен да извршува работи од областа на управувањето со човечки ресурси во институциите на јавниот сектор.


Мрежата се организира заради обезбедување на ефикасна примена на законите и другите прописи во постапките за селекција, вработување, унапредување, мобилност, координирацијата на стручното усовршување и управувањето со ефектот од работата, плати и надоместоци, мотивацијата, одговорностите и престанокот на вработување на вработените во институциите. Покрај ова, цели на Мрежата се и:



Деловник на Мрежата на организационите единици за управување со човечки ресурси во институциите од јавниот сектор



GoDigital-Public Administration Reform assistance and strenghtening the capacities of MISA

This web platform was prepared with the assistance from the European Union