Прашалник за Проценка на потребите од специјализирани обуки за Управување на човечки ресурси на административните службеници

Капацитетот на администрацијата е клучен елемент за спроведување на јавните политики. Оттука, Владата на Република Северна Македонија ги препознава континуираното учење и стручното усовршување како инвестиција во човечкиот капитал.

Усовршувањето на човечките ресурси не претставува само законска надлежност на Министерството за информатичко општество и администрација, туку сочинува и важен дел од севкупните реформи на јавната администрација, како еден од предусловите за евроинтеграцискиот процес.

За таа цел, го креиравме овој прашалник за да утврдиме каква потреба од обуки имаат административните службеници од мрежата , кои се насочени кон стекнување на знаења и/или вештини за развој на секоја општа компетенција, т.е. специфична компетенција која е од особена важност за управувањето со човечките ресурси.

Резултатите од прашалникот ќе се користат во понатамошните фази на спроведување на активностите  на мрежата за управување со човечки ресурси како и  за идентификација на области на кои треба да се работи со цел нивно подобрување.

 

КРАЕН РОК ЗА ПОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАШАЛНИКОТ: 24.09.2020

 

ДО ПРАШАЛНИКОТ МОЖЕ ДА ПРИСТАПИТЕ НА СЛЕДНИОВ ЛИНК.

 

 

 

GoDigital-Public Administration Reform assistance and strenghtening the capacities of MISA

This web platform was prepared with the assistance from the European Union