Покана за обуки на членовите на Мрежата за управување со човечки ресурси

 

Почитувани,

 

               Согласно Стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 и Акциски План, а врз основа на член 12 од Законот на административни службеници ("Службен весник на Република Македонија" бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18 и “Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 275/19), Министерството за информатичко општество и администрација продолжува со активностите за градење функционална Мрежа на организациони единици за управување со човечки ресурси (Мрежата) со која претседава државниот секретар на Министерството за информатичко општество и администрација.

 

            Целта на Мрежата е да служи како алатка на институциите од јавниот сектор за комуникација, размена на мислења, имплементација на унифицирани стандарди во управувањето со човечки ресурси и единствена примена на законодавството за јавниот сектор, како и споделување на добри локални и меѓународни практики. Мрежата ќе обезбедува поддршка за ефикасна примена на законите и другите прописи во постапките за селекција, вработување, унапредување, мобилност, координацијата на стручното усовршување и управувањето со ефектот од работата, плати и надоместоци, мотивацијата, одговорностите и престанокот на вработување на вработените во институциите од јавниот сектор.

            Со цел учество на номинираното лице на две обуки од областа на управување со човечки ресурси, следствено на горенаведеното, потребно е најдоцна до 30.10.2020 година (петок) да доставите потврдна писмена информација од Вашата институција која е регистрирана на Мрежата за управување со човечки ресурси со следниве податоци:

  • Име и презиме
  • Ниво и назив на работно место
  • Институција
  • Контакт телефон и e-mail.

 

 

Горенаведените информации се потребни за обуките кои ќе следуваат во месец ноември на темите:

  • Обука за спроведување на Функционална анализа во јавниот сектор
  • Обука за практична употреба на електронскиот систем за управување со човечки ресурси- ИСУЧР.

 

За сите подетални информации поврзани со ова известување, може да се обратите до:

 

 

               Емилија Георгиева Ѓошевски – 078/823-984; emilija.gjoshevski@mioa.gov.mk

 

 

Со почит,

 

Министерство за информатичко општество и администрација

 

GoDigital-Public Administration Reform assistance and strenghtening the capacities of MISA

This web platform was prepared with the assistance from the European Union