Иницијална средба на членовите на Мрежата на организациони единици за управување со човечки ресурси

На 13 ноември 2018 година со почеток во 10 часот во хотелот Александар Палас во Скопје Министерството за информатичко општество и администрација и Претседавачот на Мрежата за организациони единици за управување со човечки ресурси во институциите од јавниот сектор, Јахи Јахија, државен секратер во министерството, организираат Иницијалната средба на членовите на Мрежата на организациони единици за управување со човечки ресурси. Целта на средбата е вмережување на административните службеници кои работат во областа на управувањето со човечки ресурси во институциите од јавниот сектор во насока на воспоставување заемна редовна комуникација, координација и соработка помеѓу организационите единици за управување со човечки ресурси

GoDigital-Public Administration Reform assistance and strenghtening the capacities of MISA

This web platform was prepared with the assistance from the European Union