Стратегија за реформа на јавната администрација 2018-2022

Реформата на јавната администрација (РЈА) претставува континуиран процес на реорганизација на институциите во јавниот сектор и унапредување на нивниот административен капацитет, а воедно и еден од клучните приоритети во пристапното партнерство и важен предуслов во процесот на европска интеграција на Република Македонија. На државната и на јавната администрација се гледа како на основа на целокупниот јавен сектор од кој зависат процесите и развојот во секое демократско општество. Работата во јавниот сектор ги одразува демократските вредности во целина и во таа смисла сите институции имаат одговорност даработат кон остварување на подобра вредност за граѓаните и бизнисите и со тоа да обезбедат социјален и економски развој, односно просперитет на државата во целина. Стратегијата за реформа на јавната администрација 2018 – 2022 ги утврдува мерките кои ќе бидат преземени во наредните пет години за остварување општите и посебните цели дефинирани во секоја од приоритетните области. Стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022 година и Акциски план на стратегијата за реформа на јавната администрација можете да ги најдете на следниве линкови:
Стратегија за реформа на јавната администрација 2018-2022
Акциски план за Стратегијата за реформа на јавната администрација 2018-2022

GoDigital-Public Administration Reform assistance and strenghtening the capacities of MISA

This web platform was prepared with the assistance from the European Union